Една деценија исполнета со недоверба, расправии и неизвесност завршила со резултат од ДНК анализа што засекогаш го променила животот на едно семејство.
Маж кој е татко на четири деца од различни врски долго време одбивал да поверува дека едно момче навистина е негов син. Иако мајката постојано тврдела дека токму тој е таткото, сомнежите никогаш не исчезнале.
Приказната започнала по една кратка авантура што се случила по распадот на неговиот тогашен брак. Неколку месеци подоцна жената со која бил во контакт само една вечер му соопштила дека е бремена. Денис Молотов, инаку по потекло од Русија, не поверувал, убеден дека детето не може да биде негово.
И покрај тоа, со текот на годините почнал да поминува време со момчето. Постепено изградиле силна врска, а подоцна започнал и заеднички живот со мајката на детето. Сепак, прашањето за татковството останало нерешено.
Нивната врска била исполнета со чести расправии, а главната причина била токму недовербата. Иако неколкупати планирале свадба, секој обид завршувал со откажување.

По десет години конечно решиле да направат ДНК тест и да стават крај на сите сомнежи.
Резултатот покажал 99,9 проценти веројатност дека тој е биолошки татко на момчето.
Веста силно го погодила. Признал дека жали што толку долго живеел во сомнеж и побарал прошка од партнерката за сите години исполнети со недоверба. Во истиот момент повторно ја запросил, а таа прифатила.
По добиените резултати, момчето конечно ќе биде официјално признаено како негов син, со што завршила десетгодишната неизвесност што го следела ова семејство.

