Тага и неверување! Прерана загуба, колегите се простуваат од Виктор Колевски

Тажна вест соопштија од Синдикалната организација на Синдикатот на Полицијата во Македонија (СПМ) за СВР Куманово.

Оттаму пишуваат дека со голема тага и неверување ја примиле веста за прераната загуба на нивниот драг колега Виктор Колевски.

„Пријател и голем човек. Тешко е да се најдат зборови кога нè напушта некој што со своето присуство внесуваше мир, сигурност и позитивна енергија. Беше човек со интегритет, чест и достоинство, секогаш подготвен да помогне, да охрабри и да подаде рака без да очекува ништо за возврат.

Неговата насмевка, добриот збор и ведриот дух ќе останат засекогаш врежани во нашите сеќавања. Во секоја задача беше пример за професионалност, а во секојдневниот живот – пример за човечност, другарство и искреност.

Заминувањето на ваков човек остава празнина што не може да се пополни. Но луѓето како него никогаш навистина не заминуваат. Тие продолжуваат да живеат во спомените што ги создадоа, во добрината што ја подарија и во почитта што ја заслужија.

Почивај во мир, драг колега и пријател. Твојот лик и твојата добрина засекогаш ќе останат со нас“, пишува во објавата.

Следни Објави

Македонската публика добро ја памети: Почина познатата актерка, син ѝ има само 11 години

Тажна вест го погоди светот на филмот и телевизијата. Ирската актерка Слејн Кели почина на 43-годишна возраст по битка со рак. Според информациите што ги објави нејзиното семејство, таа починала мирно во својот дом, опкружена со најблиските. Кели беше најпозната по улогата на Џејн Хауард во историската серија „The Tudors“, […]