Почина Бони Тајлер на 75-годишна возраст.
Веста за смртта на пејачката на хитовите „Total Eclipse of the Heart“ и „Holding Out for a Hero“ утрово ја соопшти нејзиното семејство.
„Семејството и тимот на Бони со скршено срце објавуваат дека таа неочекувано почина синоќа во болница во Португалија, како последица на болеста од која се лекуваше“, се наведува во нивното соопштение.
Ѕвездата од Велс изминатите месеци се лекуваше во болница во Португалија по сериозни здравствени компликации.
Тајлер остави неизбришлива трага во светската музика и останува една од најпрепознатливите рок-поп пејачки на сите времиња, со кариера што траеше повеќе од пет децении.

