Македонската публика добро ја памети: Почина познатата актерка, син ѝ има само 11 години

Тажна вест го погоди светот на филмот и телевизијата.

Ирската актерка Слејн Кели почина на 43-годишна возраст по битка со рак.

Според информациите што ги објави нејзиното семејство, таа починала мирно во својот дом, опкружена со најблиските.

Кели беше најпозната по улогата на Џејн Хауард во историската серија „The Tudors“, која стекна огромна популарност ширум светот, вклучително и во Македонија. Токму преку оваа серија таа освои голем број обожаватели и кај домашната публика, која со години ги следеше интригите од дворот на кралот Хенри Осми.

Покрај актерската кариера, Слејн Кели беше и продуцентка и сценаристка, а активно работеше и на општествено корисни проекти. Таа беше една од основачите на заедничката фарма St Anne’s City Farm во Даблин, посветувајќи дел од својот живот на локалната заедница.

Нејзината смрт предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде колеги, пријатели и обожаватели се простуваат од неа со емотивни пораки, истакнувајќи ја не само како талентирана актерка, туку и како исклучителна личност.

Зад себе го остави својот 11-годишен син, како и родителите и братот. Нејзината прерана смрт претставува голема загуба за ирската, но и за светската филмска сцена, а многумина ќе ја паметат по нејзините впечатливи улоги и топлата насмевка.

Следни Објави

Тажната вест брзо се прошири: Почина Бони Тајлер, се огласи и семејството

Почина Бони Тајлер на 75-годишна возраст. Веста за смртта на пејачката на хитовите „Total Eclipse of the Heart“ и „Holding Out for a Hero“ утрово ја соопшти нејзиното семејство. „Семејството и тимот на Бони со скршено срце објавуваат дека таа неочекувано почина синоќа во болница во Португалија, како последица на […]