„Му се слоши, падна..“: Гоце Тодоровски е во болница, прва изјава на неговата ќерка

Нови детали за здравствената состојба на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски сподели неговата ќерка Сашенка.

Таа ја потврди информацијата дека нејзиниот славен татко е хоспитализиран.

Открива дека се наоѓа на Одделот за хирургија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што закрепнува.

„Кога беа најголемите горештини, му се слоши, падна, многу незгодно на левото колено. И како што му е паднат така имунитетот, како што знаете сите, така дополнително излезе проблем. Згрутчување на крв, нешто гноење… Тоа сѐ го очистија и, за среќа, е добар“, раскажува Сашенка за „Слободен печат“.

Вели дека сега треба да мирува, да лежи.

Следни Објави

Трагедија! Во сообраќајна несреќа загина Мартин Велев (36): Син е на познат бизнисмен, чекал второ дете

Голема трагедија на Халкидики Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 36-годишниот Мартин Велев. Според првичните информации, несреќата се случила во петокот попладнето во морето кај кампот Порто Елеа на Халкидики. Велев управувал џет-ски, а според сознанијата на полицијата, најверојатно паднал од пловилото во морето. Веднаш била организирана спасувачка акција, […]