Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски е хоспитализиран.
Тој веќе неколку дена е во болница.
Додека пеш се враќал кон дома, поради силното сонце му се слошило. При падот се здобил со повреда, по што неговата здравствена состојба дополнително се искомплицирала, открива Горан Марковски, администраторот на фејсбук-страницата „Ѓорѓи Колозов“.
Од неговата ќерка Сашенка тој дознава дека Гоце моментално е во стабилна состојба.
„Иако неговиот имунитет е ослабен, состојбата на нашиот легендарен актер од ден на ден се подобрува. Таа секојдневно го посетува во болницата и е покрај него во овие тешки моменти“, пишува тој.

Да се помолиме што поскоро да оздрави и да му се врати на семејството, па и на сцената.

