Трагедија! Во сообраќајна несреќа загина Мартин Велев (36): Син е на познат бизнисмен, чекал второ дете

Голема трагедија на Халкидики

Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 36-годишниот Мартин Велев.

Според првичните информации, несреќата се случила во петокот попладнето во морето кај кампот Порто Елеа на Халкидики.

Велев управувал џет-ски, а според сознанијата на полицијата, најверојатно паднал од пловилото во морето.

Веднаш била организирана спасувачка акција, а нуркачи се обиделе да го пронајдат и спасат. Сепак, кога бил извлечен од водата, веќе било предоцна.

Лекарските екипи кои пристигнале со две амбулантни возила можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Веста предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде роднини, пријатели и познаници се простуваат од Мартин со емотивни пораки, изразувајќи сочувство до неговото семејство.

Мартин Велев е познат бугарски претприемач. Тамошните медиуми информираат дека е син од бракот на Весела Лечева со бизнисменот Манол Велев, кој почина во 2022 година, по 15 години поминати во будна кома по тешкиот атентат врз него.

Трагедијата е уште поголема ако се знае дека семејството на Мартин во моментов очекува второ дете, пишуваат истите медиуми.

Следни Објави

Утрото на Петровден е најважно во годината: Еве што треба да сторите, а што ниту во сон

На 12 јули го славиме Петровден, еден од најголемите празници по Велигден.  Празникот е посветен на Апостол Петар, а именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра, Петруна, Петранка… Петровден повеќе се смета за црковен празник. Постарите луѓе одат во црквата, а кој го практикувал Петровденскиот пост се […]