Мислеле дека одмара, кога ѝ пришле познатата пејачка веќе била мртва на фотељата: Нов шок на погребот

Легендарната Зорана Лола Новаковиќ беше вистинска југословенска дива која на музички план ги одбележа 60-тите и 70-тите години на овие простори.

Ја паметиме по бројните хитови и по концертите кои се распродаваа за неколку часа. Во 1962 година беше четврта на „Евровизија“ со нумерата „Не пали светла у сумрак“.

Освен за професионалните успеси, медиумите подеднакво се интересираа и за приватниот живот на кралицата на евергрините, како што ја нарекуваа.

Познато е дека трипати се мажеше. Со првиот сопруг, професор по фискултура, не издржа цели две години. Во 1966 година се заколна на вечна љубов со Мило Јовановиќ, висок функционер во авиокомпанија со кого остана дури две години повеќе. Беше во брак и со естрадниот уметник Драган Антиќ со кого се разведе во 2000-та.

Токму во тој период страна мета на жолтиот печат, па се шпекулираше дека била таен агент и поранешен руски затвореник, па не можејќи да се соочи со големиот притисок на медиумите се повлече од сцената.

Оние кои вистински ја познаваат, ја опишуваат како скромна жена која за своите колеги не изговорила ниту еден лош збор. Маја Оџаклиевска во една прилика кажа дека Лола била пејачка која никогаш не „трчала“ за популарност.

Новаковиќ почина на 3 април 2016 година, дваесеттина дена пред да го прослави 81-от роденден. Соседите ја пронашле на омилената фотеља каде вообичаено се одмарала.

Интересен и несекојдневен момент е што на денот на погребот бил ограбен нејзиниот дом. Близок пријател на Лола тогаш ги искара новинарите дека не покажале никаков интерес за овој случај.

Следни Објави

Трагичен крај за најубавата актерка во СФРЈ: Пронајдена мртва на валкан душек

Легендарната српска актерка отсекогаш беше посебна. Сите се воодушевуваа од нејзиниот талент, но битката со сопствените демони ја загуби засекогаш За уникатноста на Соња Савиќ и денес се зборува. Но, малкумина беа свесни дека наместо да ужива во комплиментите од публиката, таа се соочувала со исклучително тешки животни искушенија. Пресвртница […]