Ја каснал комарец на чело, по една недела ѝ немало спас: Лекарите го игнорирале ова

Лекарите предупредуваат да се внимава на каснувањето од инсекти, особено со комарците кои секое лето ни задаваат вистинска главоболка.

Британските медиуми повторно го актуелизираат трагичниот настан во кој млада девојка пред неколку години разви смртоносна инфекција по убод од комарец.

Оријана Пепер имаше само 21 година кога во јули 2021 година била на обука за пилоти на компанијата „Изиџет“ во Белгија. Ја каснал комарец на чело. Местото на убодот, над десната веѓа, веднаш ѝ отекло. Момчето ја однело во болница плашејќи се од инфекција или евентуална алергија, но таму ѝ дале само антибиотици и ја пратиле дома.

Оријана и партнерот Џејмс се запознале во Феникс на обука за пилоти, а подоцна заедно биле преместени во Белгија. Тој пред судот раскажа дека и двајцата биле каснати од комарци во повеќе наврати во тие два месеца колку што престојувале во Антверпен. Никогаш, ниту еден од нив не добил алергиска реакција, ниту пак инфекција.

„Локалните жители ни рекоа дека комарците се нормална појава во мај и во јуни, но на Оријана почна да ја боли челото, целото ѝ беше црвено и отечено и почна да чувствува силни болки во грбот. Сепак, лекарите ѝ рекоа само да ги пие препишаните антибиотици и ја пратија дома“, раскажа нејзиното момче.

Оријана паднала во делириум, не можела да зборува како што треба, а потоа изгубила свест. Починала по три дена откако била хоспитализирана.

Извештајот на патолозите покажа дека девојката, која сонувала да биде пилот, починала од сериозна инфекција по убод од комарец. Оријана добила сепса која се проширила на мозокот и предизвикала емболија која ја убила.

„Никогаш не сум имал ваков случај. Неверојатна трагедија за млада дама која пред себе го имала целиот живот и блескава кариера“, им порача тогаш на медиумите патологот Најџел Парсли.

Родителите на Оријана се’ уште не можат да се помират со трагедијата. Велат дека со поддршка од синовите Оскар и Оливер ја основале фондацијата која го носи името на нивната покојна ќерка, а која финансиски им помага на девојчињата кои сакаат да се запишат на Академија за пилоти.

Следни Објави

Фројд тврдеше дека само една особина го издава лошиот човек

Еден од најпознатите психијатри, но и татко на психоанализата, остави зад себе бројни мудри реченици, кои луѓето денес ги користат, препознавајќи ги различните маани на човечката раса околу себе. Интересно е како неговите ставови важеле за луѓето во времето во кое живеел, а како не помалку применливи се и денес. […]