Соња Тарчуловска минува низ еден од најтешките периоди во животот.
По смртта на нејзината мајка на крајот од 2023 година, таа сега остана и без татка си.
Преку емотивна објава на социјалните мрежи му упати последен поздрав.
„Последен поздрав до мојот татко. Тато, замина кај мама, не можеше да издржиш без неа, бидејќи вашата љубов беше посилна и од времето и од далечината. Сега повторно сте заедно, таму каде што нема болка, солзи и разделби. Мене ми остануваат спомените, вашата љубов и празнината. Ви благодарам што ми покажавте што значи вистинско семејство, пожртвуваност и љубов што трае до последниот здив, што ми помогнавте во најтешките мигови од мојот живот за денес да бидеме семејство. Почивај во мир, тато. Прегрни ја мама и кажи ѝ дека ми недостига исто како и ти. Ќе ве носам двајцата во моето срце додека дишам. Со бескрајна љубов, твојата ќерка Соња“, напиша пејачката.

