Денеска во Охрид почина Наум Бурназ, доајен на македонската опера и познат изведувач на староградски и забавни песни.
Како поранешен член на Операта при Македонскиот народен театар (МНТ) остави значаен белег во македонската музичка култура со антологиски изведби, меѓу кои и култната песна „1762 лето“ (Песна за патрикот) по текст на Григор Прличев.
„Ти беше мојот идол. Поради тебе ја избрав музиката и пеењето и тргнав по тој пат. Никогаш нема да ги заборавам сите наши прекрасни спомени, макотрпната работа пред настапите и твоите совети, кои секогаш ми беа најважни. Неизмерно сум среќна и горда што имав таков прекрасен дедо. Нѐ напушти и ти, за да бидеш повторно заедно со нашиот најмил и непрежален татко“, објави неговата внука Мирјана Бурназ Кремшо, која продолжи по неговите стапки.

Бурназ почина по помалку од месец дена од смртта на неговиот син Петар, јавуваат домашните медиуми.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
Страшни детали по смртта на Оливера: Естрадата во шок, за ова се молчеше
Македонија тагува, прекрасна личност прерано замина: Почивај во мир, Александра

