Почина Гоце Тодоровски: Се огласи ќерката на легендарниот актер со трогателна посвета

Почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговата ќерка.

„Го изгубивме, се предаде, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест. После голема борба го напушти овој свет. Лесна ти земја, татко. Летај со ангелите“, напиша Сашенка на „Фејсбук“.

Тодоровски неодамна беше хоспитализиран на Одделот за хирургија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

„Кога беа најголемите горештини, му се слоши, падна, многу незгодно на левото колено. И како што му е паднат така имунитетот, како што знаете сите, така дополнително излезе проблем. Згрутчување на крв, нешто гноење..“, раскажа неговата ќерка за „Слободен печат“ пред две недели.

СЛИЧНИ ТЕМИ:

Следни Објави

Беа неразделно дуо, сега се тандем и на оној свет: Долго чувана тајна за Гоце и Ванчо

На 75-годишна возраст почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. Тажната вест доцна синоќа ја потврдија и од неговото семејство. „Го изгубивме, се предаде Гоце Тодовровски. Почина. Фамилија Тодовровски ја објавува најтажната вест. После голема борба го напушти овој свет, а ми вети.. Срцето не издржа, престана да работи.. Го реанимираа, направија сѐ, престана да диши. На кислород ставен, практично […]