Трагедија во Охрид
Жена е пронајдена мртва во хотел.
Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината жена.
Станува збор за 53-годишната И.Т.(53), државјанка на Белорусија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

