Пред да почине, Есма на оваа жена ѝ ја кажала последната желба: Една работа сѐ уште ја прогонува

Денеска, се навршуваат 83 години од раѓањето на Есма Реџепова-Теодосиевска. 

Родена во Скопје во 1943 година, во скромно многудетно семејство, кралицата на ромската песна уште од раното детство се соочила со сиромаштијата.

Како деветгодишно девојче чистела скали и бришела прозорци во домовите на имотните скопјани за да помогне финансиски на семејството.

Почина на 11 декември 2016 година.

Една од најблиските нејзини соработнички во една прилика раскажа што се случувало последните часови пред смртта на легендарната пејачка.

Зорана Костовска тогаш за „Женски магазин“ раскажа дека никогаш нема да го заборави разговорот во деновите кога Есма била хоспитализирана и кој, како што тогаш кажа, сѐ уште ја прогонува.

„Држејќи ме за рака ми ја кажа нејзината последна желба. ‘Закопајте ме во дворот на куќата. Кога ќе доаѓаат да го видат, ќе ми запалат свеќа. Кој ќе оди на гробишта да го прави тоа’. И ветив дека така ќе биде и ја излажав. Не мислев дека по неколку дена засекогаш ќе нѐ напушти. Тоа никогаш нема да си го простам“, се присети во тоа интервју Костовска.

Во истиот разговор Зорана потсети дека Есма никогаш не се декларирала како муслиманка и дека ги прифаќала сите вери и религии.

„Беше космополит. Велеше дека и најотровната змија може да оди кај што ќе посака, а дека ние сме ограничени со пасоши и со граници“, раскажа таа.  

Следни Објави

Нашите баби и дедовци никогаш не садеа смоква во близина на куќата: Еве зошто!

Многумина кои живеат во куќа со двор сакаат да си ја разубават градината со садење растенија. Тие често избираат дрвја кои даваат сенка во жешките летни денови или овошни дрвја кои ќе воодушеват со вкусни плодови. Без разлика на вашата намера кога садите дрвја, важно е претходно да се консултирате […]