Нова тажна вест во Македонија, згасна уште еден млад живот! Пријателите се простуваат, почина еден од најпрепознатливите ликови

Тажна вест сподели телевизија Тера.

Почина Васко Томулевски – човекот кој целиот свој живот го носеше Љубојно во срцето.

„Ќе остане запаметен како една од најмаркантните човечки фигури со кои се идентификуваше Љубојно, човек кој целиот свој живот го афирмираше селото, неговата убавина, традиција и вредности“, пишува во објавата.

„Секогаш гласен и истраен кога требаше да се заштити она што му припаѓа на Љубојно, Томулевски беше и во првите редови на борбата против сечата на дрвјата во селото, бранејќи го природното богатство кое го сметаше за наследство што мора да им се остави на идните генерации. За него Љубојно не беше само родно место, туку припадност, љубов и животна определба.

Со неговото заминување, селото губи еден од своите најпрепознатливи ликови, но останува трагата на човек кој со децении беше негов искрен глас, чувар и промотор. Васко Томулевски и Љубојно, две имиња кои долго ќе се споменуваат заедно“, се наведува во објавата.

Следни Објави

Ана наздрави со гостите: По нејзиниот говор, свекрвата веднаш ја напушти свадбата

Ана и Димитар се забавувале уште во средношколските денови. За жал, идната снаа не била по мерка на неговата мајка. Таа правела сѐ што било во нејзина моќ да ги раздели, но Димитар бил до толку вљубен што бил подготвен да премолчи сѐ за да си ја зачува врската. На […]