Почина Мирослав Чоневски

Тажната вест бргу се прошири

Почина Мирослав Чоневски – Грк.

Беше долгогодишен туристички работник и еден од пионерите на македонската туристичка дејност, познат и како сопственик на туристичката агенција „Игуана“.

Од „Игуана“ со емотивна порака се простија од својот основач и долгогодишен лидер.

„Го загубивме кормиларот, но не и компасот! Ти благодариме за идејата, за трудот, за сите години поминати заедно. Среќни сме што бевме и сè уште сме твои ученици. Ќе ни недостасува таткото на Игуана“, објавија од агенцијата.

Со порака на сочувство се огласи и Националната асоцијација на туристички агенции, од каде што истакнаа дека Чоневски бил долгогодишен и почитуван колега, чиј придонес во туристичката дејност ќе остане запаметен.

Од Чоневски се простуваат и бројни пријатели, колеги и познаници, кои го опишуваат како препознатлива скопска личност и човек кој оставил свој печат во македонскиот туризам.

Следни Објави

Со густи веѓи и смеѓа коса: Македонија порасна со оваа жена, дали ја препознавате ли?

На социјалните мрежи се појави фотографија на една од најпознатите пејачки на овие простори од средношколските денови и сите останаа со подотворена уста. Иако речиси ѝ да порасна пред камерите, слики од оваа нејзина фаза досега ретко беа објавувани. Веројатно кога позирала овде, не била воопшто свесна дека за само […]