Почина Кристина, четири месеци откако го роди шестото дете: „Се помирив дека заминувам“

Почина познатата инфлуенсерка и блогерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, авторка на „Мамин блог“ и мајка на шест деца

Во објава на социјалните мрежи, таа искрено ги сподели моментите на страв, грижата за бебето и помирувањето со можноста да замине

Регионалната јавност длабоко ја потресе веста за ненадејната смрт на познатата блогерка и инфлуенсерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, авторка на исклучително популарната страница „Мамин блог“.

Кристина, која беше мајка на шест деца и добитничка на наградата „Гордост на Хрватска“ за активно волонтирање, почина само четири месеци откако во април годинава го роди своето шесто дете.

Кристина отворено на социјалните мрежи го сподели страшното и трауматично искуство што го доживеала во породилната сала поради компликации со анестезијата.

„По анестезијата останав без воздух“

Кристина го роди своето шесто дете во април годинава, а притоа доживеала страшна траума. Имено, по примањето спинална анестезија, таа одеднаш целосно останала без воздух и ја изгубила можноста да зборува.

„Не знаев дека ова може да се случи… и затоа го пишувам ова. По спиналната анестезија одеднаш останав без воздух. Не „отежнато дишење“, не паника… туку буквално не можев да вдишам ниту милиметар воздух. Сè ми се вкочани. Не можев да зборувам. Само мавтав со рацете, обидувајќи се некому да му покажам што се случува“, напиша во нејзината објава.

„Во дел од секундата се помирив со тоа дека заминувам“, допиша таа.

Додека лекарите итно повикувале помош, Кристина била свесна дека времето немилосрдно минува. Во тие пресудни моменти почувствувала огромен страв за бебето во стомакот, но истовремено, соочена со целосниот недостиг на воздух, во еден миг се помирила со сопственото заминување.

„Свесна дека времето минува. Ми ставија маска, ми зборуваа да дишам… но јас не можев. Немаше воздух. Ја слушнав анестезиологот како повикува помош. Во тие секунди… низ главата ми помина сè. Помислив: „Нема повеќе помош. Предолго сум без кислород“. Во исто време бебето во стомакот… и стравот за него. И тогаш нешто што никогаш нема да го заборавам – во дел од секундата се помирив со тоа дека заминувам. А она што најмногу ме шокираше… не беше паниката во тој последен момент. Беше мислата: „Добро… заминувам… но барем не боли, а што ќе биде со бебето и со останатите деца?“ И тогаш се изгасив. Во реалноста, тоа беа секунди. Но во главата… цел еден живот. Во тој момент ме успаа и ме интубираа. Тоа значи дека ми ставија цевка за дишење и го презедоа дишењето наместо мене. Благодарение на брзата реакција на тимот, сè заврши добро“.

„Лекарите можат да ве спасат“

Откако породувањето сепак успешно завршило благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим, Кристина одлучила јавно да го сподели своето страшно искуство за да ги едуцира и охрабри другите жени.

Тогаш објаснила дека спиналната анестезија во ретки случаи може да влијае врз нервите што го контролираат дишењето, но дека лекарите секогаш имаат подготвено решение.

„Во ретки случаи спиналната анестезија може да „отиде превисоко“ и да ги зафати нервите што го контролираат дишењето. Тогаш може да се случи токму ова – да не можеш да вдишеш. Тоа е страшно искуство. Нема да лажам, еден од најлошите чувства што постојат. Но, постои решение. Лекарите знаат што прават. Реагираат брзо. И можат да те спасат, како што ме спасија мене. Ако некогаш се најдеш во таква ситуација: колку и да е тешко… обиди се да знаеш дека не си сама и дека постои излез“, заклучи тогаш Кристина.

Засега не е објавено од што починала Кристина, ниту постои потврда дека нејзината смрт била поврзана со целијачна болест или со PCOS, синдром на полицистични јајчници од кој се лекуваше.

Следни Објави

Новиот Мистер на Македонија го знаете сите: Ќе нè претставува во Тајланд, еве што ѝ порача на нацијата

Октај Сејди е новиот Мистер на Македонија за 2026 година, а познатиот македонски фризер, шминкер и стилист наскоро ќе застане на големата меѓународна сцена. Сејди ќе ја претставува Македонија на престижниот избор „Mister International 2026“, кој ќе се одржи на 26 септември во Тајланд. – Со гордост го претставуваме Октај Сејди, […]