Не ја фрлаjте водата од сварениот компир: Со овој трик се бришат сите дамки

Знаете ли дека е многу корисно да го измиете подот со водата од сварениот компир. Можеби звучи чудно, но скробот и минералите кои ги содржи се одлични за отстранување на дамките.

Дали сте слушнале за револуционерниот трик на Австралијката Кери Барлинг за чистење на подни плочки? Во потрага по природно решение, оваа мајка употребила едноставен и ефикасен рецепт за да ги одржи плочките од бањата чисти и што е најважно сјајни.

Згора на тоа, трикот го привлече интересот на многумина бидејќи е природен, без употреба на хемикалии.

Истурете ја водата на подот. Оставете да делува неколку минути пред да исплакнете со топла, чиста вода користејќи добро исцедена крпа.

Покрај овој необичен совет, оваа жена на домаќинките дополнително им откри и една „златна мешавина“ од три состојки која совршено ги чисти плочките.

„Земете кофа за чистење и наполнете ја со топла вода. Додадете една лажица течен сапун, една лажица детергент за миење садови и една лажица кристали со сода. Користете четка со рачка за темелно чистење. И да, важно е малку посилно да ги исчистите повалканите делови. Покрај тоа што вашиот под ќе блесне, паралелно ќе ги затегнете и мускулите на рацете. Не звучи лошо, нели? Зак крај, избришете со крпа и оставете природно да се исуши на воздух со отворање на прозорецот. Плакнењето е важно, но важно е и сушењето“, порачува оваа жена.

Следни Објави

Образована жена не смее да се омажи за мајстор: Шокантно објаснување на психолог ја подели јавноста

Популарниот руски психолог Михаил Литвак раскажа приказна од својата ординација која привлече огромно внимание. Помош од него побарала извесна Марија која му се пожалила дека не може да најде маж за себе. За порталот „Еконет“ тој во детали го раскажа случајот. „Марија е посветена директорка во една позната компанија. Позади […]