Познатата македонска новинарка и водителка Цветанка Николова конечно е среќна и исполнета на секое поле.
Оваа исклучително храбра девојка која е заштитно лице на Канал 5 има исклучително тешка приказна, а по сите предизвици со кои морала да се соочи уште од најмала возраст, сега заслужено ужива во животот.
Популарната Цеце која е и основач на Здружението за млади лица без родители „За тебе“, пред неколку години ја симна периката и одлучи да проговори за автоимуната болест.
„Од кога знам за себе живеам со алопеција“, им откри таа тогаш на своите следбеници на социјалните мрежи.
Николова порасна во СОС „Детско село“. Во една прилика кажа дека е благодарна за сè што ѝ се случило во детството, бидејќи без тоа, не би била она што е денес.
„Ниту би била новинар, ниту би била успешна.. Ете, се сметам и за успешна, дефинитивно. Којзнае кај би била да било поинаку. Веројатно во Велес со татко ми алкохоличар и мајка ми која нема.. ма не е важно, којзнае каде би завршила. Така што, супер што завршив во „СОС Детско село”, раскажа Николова пред неколку години во искрено интервју.

Цеце на своите верни следбеници на „Инстаграм“ сега им откри дека е исполнета не само професионално, туку и емотивно.
Откри дека е во љубов со Јане Јанев, естраден менаџер, организатор на настани и букинг агент за македонски артисти.

Објави неколку фотографии од нивното летување на кои разменуваат нежности.

