Планот беше едноставен и совршен: одиш кај фризер, бараш елегантна, степенасто шишана коса, заблескуваш на венчавката на сестра ти и ги собираш сите комплименти. Меѓутоа, Катарина наместо естетска бајка доживеа вистинска фризерска драма и излезе од салонот со желба да се заклучи во куќата до следната година.
Кога се сними за ТикТок, нејзините солзи не беа глума. Ја покажа главата на која „степените“ изгледаа како некој да ги сечел со тапи ножици во мрак или, не дај Боже, со сатар. Ѝ се случи кошмарот на секоја жена пред важен настан.
„Што воопшто да направам со ова?“, праша очајната Катарина, а ТикТок, по обичај, го направи своето. Видеото стана вирално во рекордно време.
Иако интернетот е сурово место каде луѓето едвај чекаат да ги бранат фризерите и да ги нападнат клиентите, овој пат реакцијата беше единствена, сите останаа во благ шок. Дури и професионални фризерки се вмешаа во коментарите.
„Како фризерка, обично не поддржувам јавно прозивање на колегите… но ВАУ. Ова е навистина катастрофа“, напиша една корисничка, додека други беа уште подиректни: „Ова е за тужба, девојко! Треба да наплатиш за душевна болка!“
„До венчавката само врзи пунџа. Нека гледаат сите во твоето убаво лице, а косата скриј ја како знаеш и умееш.“ „Само стави ја косата во пунџа за свадбата, а штом ќе заврши, правец на шишање!“. „Исечи го сето тоа, сестро! Време е за боб, рок-ен-рол!“, се останатите реакции.
@alex.cary082 ♬ original sound – alex cary
Многу жени во коментарите ги споделуваа своите сопствени трауми од фризерските столчиња, прикачувајќи слики од своите промашени фризури во стилот „сочувствувам, и мене ми ја уништија главата“.
Катарина не мудруваше многу ниту се обидуваше да ја спаси неправедно скратената коса. Неколку дена подоцна објави ново видео со целосно свежо издание, го послуша интернетот и се ошиша на паж (боб)! Пресече и направи шик, модерна фризура кој всушност ѝ стои фантастично.

