На 102 години лице речиси без брчки: Цел живот се мачкала со ова евтино масло

Приказната за бабата која доживеала 102 години привлече големо внимание на социјалните мрежи, а особено изненади нејзиниот изглед, односно нежното лице без брчки.

Нејзината внука Сара објави видео на кое се гледа бабата со многу нежна и мазна кожа на лицето, поради што многумина се запрашаа во што е нејзината тајна.

Одговорот, како што тогаш откри бабата, е многу едноставен. Цел живот ја негувала кожата со кокосово масло, кое го користела за лицето и телото да ѝ бидат хидрирани и меки. На видеото објасни дека кожата и во доцните години ѝ била „нежна како кадифе“.

Снимката предизвика бројни реакции, а многу жени во коментарите напишаа дека ќе го испробаат нејзиниот едноставен ритуал за нега.

Кокосовото масло е лесно достапно и може да се користи за хидратација на кожата, особено кога е сува, иако секоја кожа не е еднакво погодна за овој вид нега.

Видеото беше објавено кога бабата на Сара имала 102 години. Во меѓувреме, таа починала, а Сара го зачувала споменот за неа и нејзиниот едноставен совет кој привлече внимание на милиони луѓе.

Следни Објави

Бил исмејуван оти на голем одмор немал пари да си купи нешто за јадење: Водителот од МТВ со еден потег ги разнежни сите

Искрено интервју Македонскиот водител Ване Маркоски е едно од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас. Тој сега даде искрено интервју за „Слободен печат“ во кое зборува и за булингот што го почувствувал како дете поради финансиската состојба на семејството. „Никогаш не припаѓав на онаа група деца во класот кои доаѓаа од […]