Бил исмејуван оти на голем одмор немал пари да си купи нешто за јадење: Водителот од МТВ со еден потег ги разнежни сите

Искрено интервју

Македонскиот водител Ване Маркоски е едно од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас.

Тој сега даде искрено интервју за „Слободен печат“ во кое зборува и за булингот што го почувствувал како дете поради финансиската состојба на семејството.

„Никогаш не припаѓав на онаа група деца во класот кои доаѓаа од побогати семејства. И во основно и во средно училиште имаше закачки и навреди токму поради тоа. Некогаш кога сме биле повеќе, некогаш кога сум бил сам. Знаев да добијам коментар за гардеробата што ја носам, а се случувало да бидам исмејуван и затоа што на голем одмор немав пари да си купам нешто за јадење, па сум имал голема глава, па сум бил ситен. Кога си дете, таквите работи болат“, раскажува Маркоски.

Маркоски денеска е реализиран во својата професија и заработува доволно за пристоен живот. Неодамна направи и еден убав гест за своите родители. По цели 28 години повторно ги однел на море, а татко му таму го прославил и роденденот. 

„Порано ја имав желбата да ги изненадам, ама ги немав можностите. Оваа година конечно се наместија работите и си реков дека сега е моментот. По дваесетина години работа, конечно почувствував дека можам нешто да им вратам на луѓето кои цел живот правеле сè што можеле за мене. Бевме во Бодрум, во Турција, и дополнително убаво се погоди што токму таму татко ми го прослави 60. роденден. Така што, од обичен семеен одмор, за мене остана нешто што ќе го паметам цел живот“, вели познатиот водител.

Следни Објави

Многумина ја прават истата грешка штом ќе залади: Овие два уреди во станот не треба да ви работат истовремено

Постудените денови доаѓаат, прозорците сè почесто ќе бидат затворени, а бојлерите и системите за греење повторно ќе проработат со полна сила. Токму тогаш расте и ризикот од јаглерод моноксид, гас кој не можеме ниту да го видиме, ниту да го намирисаме. Посебно внимание треба да обрнат домаќинствата кои имаат постар […]