Тажна вест
Почина Цветанка Илиева, долгогодишна новинарка, уредничка и водителка на голем број успешни проекти и ТВ емисии на МТВ.
Сиот работен век го помина во националниот сервис кој и ја објави тажната вест на својот официјален сајт.
Илиева беше препознатлива по својата професионалност, одговорност и посветеност кон работата, активна до последните денови од животот, почитуван член на Сојузот на здруженија на пензионери, скромна и тивка личност, посветена на семејството и пријателите, пишува во објавата.

Нејзините посмртни останки ќе бидат изложени утре, од 10 до 11 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел, по што ќе се изврши погребот.

