За жени над 50 години: Како да изберете фризура според обликот на лицето и да изгледате помладо

Кога станува збор за изборот на фризура, не е сеедно дали имате четвртоклесто, тркалезно, издолжено, срцевидно лице или во облик на дијамант.

Можете да изгледате многу помладо, поубаво и поженствено ако ја усогласите фризурата со обликот на лицето. На тој начин ја истакнувате вашата убавина, наместо да ја сокривате.

Ќе научите како е подобро да ја делите косата – на средина или на страна, или како да носите шишки. Освен тоа, ќе имате можност да откриете дали подобро ви стои боб или можеби сепак подолга коса, иако сте постари од 50 години.

За почеток, седнете пред огледало и исцртајте го својот облик на лице со означување на точките – помеѓу очите, врвот на носот и брадата – така ќе го добиете вашиот облик на лице. Потоа спојте ги тие точки со вертикална линија и ќе видите колку ви е симетрично лицето, дали двете половини се еднакви или лицето можеби оди малку на едната страна.

На ист начин одредете и каде ви се виличните коски, па спојте ги тие точки со хоризонтална линија за да видите дали и тој дел од лицето е пропорционален.

Кога ќе одредите каков облик на лице имате, тргнете во потрага по совршената фризура.

Ви донесуваме совети кои ќе ви ја олеснат работата:

Овално лице: Ова е најидеалниот облик бидејќи на него добро му прилегаат најразлични фризури.

Срцевидно лице: На овој облик не му стојат најдобро високо подигнатите фризури, бидејќи горниот дел од главата го прават уште поголем. Подобар избор се оние каде што косата оди покрај лицето, особено степенесто шишаните и благо кадравите фризури.

Четвртасто лице: Добар избор е фризура која е степенесто шишана покрај лицето. Никако не треба да избирате фризури со остри резови, како што се на пример оние со рамни шишки – подобро е шишките да бидат префрлени на една страна.

Тркалезно лице: Да се има тркалезно лице е добра работа бидејќи наводно побавно се брчка. Што се однесува до изборот на фризура, идеални се оние кои создаваат овален изглед на лицето. На пример, коса шишана до рамениците, благо степенесто покрај лицето, со долги шишки поделени на средина.

Дијамантски облик: Кај овој облик најмногу доаѓаат до израз јаболчиците, па затоа е подобро да избегнувате многу кратко шишана коса. Подобар избор е коса шишана во слоеви до рамениците, со шишки кои се малку повеќе поделени на левата или десната страна, и обоена во повеќе нијанси.

Издолжено лице: Ако сметате дека лицето ви е премногу издолжено, носете ја косата на една страна за да му дадете волумен на едниот дел од лицето, наместо да ја делите на средина.

Следни Објави

Горан имал само 3 месеци кога мајка му го оставила во ќеса за леб: Кога имал 30 години го нашол татка си, а потоа..

Горан Распор е бездомник од раѓање. Мајка му го оставила пред продавница во торба за леб кога имал три месеци и повеќе не сакала да го види. „Извадила векна леб и мене ме ставила во платнена торба. Продавачот веднаш повикал полиција. Ме земале социјалните служби и ме однеле во јасли […]