Утре е голем ден за верниците: Еве што треба да направите, а од што да се воздржите

На 30 септември се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. 

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.  

Исто така, како имињата на девојчињата, Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, народот смета дека на 30 септември треба да се воздржите од секакви зли мисли и да се посветите на љубовта кон ближните. 

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба. 

Следни Објави

Овие 5 знаци ги чека најдобриот октомври во животот: Големи промени, конечно ќе ги победат демоните

Октомври 2026 година носи силен фокус на љубовта, односите и личниот развој, а според астролошките толкувања, особено ќе им годи на припадниците на пет знаци од Зодијакот. Иако во текот на месецот ги очекуваат одредени предизвици, пред нив се периоди на поголема самодоверба, емотивни поместувања и убави моменти. Положбите на […]