Починал ненадејно во неделата: Нови детали за починатиот син на пејачот Маријан Стојаноски

Нема утеха за семејството Стојаноски

Петар, четиригодишниот син на познатиот пејач Маријан Стојаноски, починал ненадејно во неделата.

Ќе биде погребан денеска во 13 часот на гробиштата Гумење во Крушево.

Повеќе македонски портали ја објавија официјалната жална вест од семејството.

„Со длабока тага и болка им соопштиуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот мил и никогаш непрежален син, брат и внук Петар Стојаноски ненадејно почина на ден 27.09.2026 година во 16:30 часот“, пишува на некрологот.

Се’ уште не се познати причините за смртта на синот на Стојаноски.

Петар е роден во декември 2021 година.

Марјан со сопругата Наташа имаат и две ќерки.

Следни Објави

Петар го носеше името на дедо му: Сестрата на Маријан Стојаноски со емотивна објава за внукот (ФОТО)

На гробиштата Гумење во Крушево денеска во 13 часот ќе биде погребан четиригодишниот син на Маријан Стојаноски. Од малиот Петар се прости и сестрата на познатиот пејач која, како што пишува „Слободен печат“, на социјалните мрежи е потпишана како Зои Ева. По трагедијата таа ја смени насловната фотографија на својот […]