На гробиштата Гумење во Крушево денеска во 13 часот ќе биде погребан четиригодишниот син на Маријан Стојаноски.
Од малиот Петар се прости и сестрата на познатиот пејач која, како што пишува „Слободен печат“, на социјалните мрежи е потпишана како Зои Ева.
По трагедијата таа ја смени насловната фотографија на својот профил.
На семејната слика се нејзиниот татко и внукот Петар.
Момчето го носело името на својот дедо.
Синот на Маријан Стојаноски починал ненадејно во неделата.
„Со длабока тага и болка им соопштиуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот мил и никогаш непрежален син, брат и внук Петар Стојаноски ненадејно почина на ден 27.09.2026 година во 16:30 часот“, пишува во официјалната жална вест на семејството.
Се’ уште не се познати причините за смртта на Петар.
Стојаноски имаат и две ќерки.

