Даниела го запознала маж ѝ во црква, добиле 6 деца, па ја открила шокантната вистина: Неговото злосторство ја леди крвта

Кога Даниела Шовеј првпат го запознала Чед Шипер во црквата во склоп на факултетот на нејзината сестра Рендин, не можела ни да претпостави како ќе се развива нивниот живот.

Шовеј со насмевка се присетува на почетоците на нивната врска во третата епизода од осумделната документарна серија „Betrayal: Secrets & Lies“, под наслов „The Bible Study Kidnapper“, која премиерно беше прикажана на 12 април на телевизијата ABC. Памети како на првиот состанок гледале филмови, вклучувајќи го и „So I Married an Axe Murderer“, заедно со нејзината сестра и момчето кое тогаш ѝ се допаѓало на сестра ѝ.

„Имаше репутација дека е многу паметен и исклучително љубезен“, се присетува Барби Дангонд, пријателка од факултет која ги познавала и Шовеј и Шипер.

Даниела и Чед набрзо се венчале и започнале живот кој таа го опишувала како „премногу добар за да биде вистинит“. Недолого потоа, Шипер ѝ признал нешто што целосно ја потресло – дека имал сексуален однос со маж во јавен тоалет. Иако брачниот советник ѝ препорачал да го напушти, Шовеј била одлучна да го спаси бракот. Само неколку месеци подоцна, дознала дека е бремена со нивното прво дете, ќерката Грејс.

Во текот на 17 години брак добиле вкупно шест деца и се преселиле во поголема куќа во местото Ири, во сојузната држава Илиноис, додека работата на Шипер како финансиски советник продолжувала да расте. Во новата куќа имал канцеларија во приземјето каде што поминувал со часови, често работејќи до доцна во ноќта и спиејќи таму, што длабоко ја разочарувало Даниела.

Во еден момент се обидел да воспостави деловна соработка со брачен пар од нивната црква, Лари и Кони Ван Остен, кои неодамна дошле до голема сума пари. По неколку состаноци, тие ја одбиле соработката, сметајќи дека Шипер е сè уште на почетокот на својата финансиска кариера. Тогаш тој одлучил да почне да купува недвижности кои би ги реновирал и издавал за дополнителна заработка.

Со текот на времето сè повеќе отсуствувал од дома, правдајќи го тоа со обврските околу издавањето на недвижностите. Една вечер во 2017 година, ситуацијата добила драматичен пресврт кога едно од нивните деца забележало непознат автомобил како се приближува кон куќата. Во исто време, Шипер ѝ испратил порака на ќерката Грејс да ја обвитка рачката од мал (голем ковач од ковано железо) со црна изолациона трака. Иако барањето ѝ било необично, таа го послушала, а тој ѝ ветил „посебна награда за добро завршената работа“.

Неколку ноќи подоцна, Даниела ја разбудил силен тресок – куќата била опколена од полиција која го барала нејзиниот маж и поставувала прашања за семејството Ван Остен.

Се испоставило дека Шипер, користејќи го малот што го подготвила неговата ќерка, провалил во куќата на Ван Остенови среде ноќ и го киднапирал постариот брачен пар. Ги онеспособил со електрошокер, ги врзал, им ги покрил очите и устата со трака и им ставил лисици. За да комуницира со нив, користел уред за изобличување на гласот, а во еден момент им рекол: „Каде е сега вашиот Бог?“

Потоа ги однел до банка и ја принудил Кони да влезе и да подигне чек од 350.000 долари, претејќи дека ќе го убие Лари ако не го стори тоа. Додека била во банката, Кони успеала да напише порака на црковен леток од својата чанта и незабележливо да ѝ ја предаде на службеничката. Во пораката напишала дека е во неволја, што покренало голема полициска потрага.

„Сме работеле на многу насилни злосторства, но ова беше бизарно. Беше како епизода од серијата ‘Criminal Minds’“, изјави Крис Ендрес, пензиониран капетан на државната полиција во Илиноис.

Бидејќи чекот бил издаден на фирма поврзана со Шипер, полицијата брзо ја насочила истрагата кон него. По сообраќајна несреќа, тој бил пренесен во болница каде што набрзо го признал киднапирањето.

При претрес на една од неговите куќи, полицијата пронашла просторија со екран на кој се прикажувале снимки од надзорни камери, каде се гледало како постариот брачен пар е затворен во бетонска просторија, врзан за ѕид и со повези преку очите. Во плакарот потоа откриле челична врата која водела во звучно изолиран подземен подрум.

На полициското испитување, Шипер рекол дека се чувствувал очајно и дека се обидувал да „купи време“ поради пропаста на неговиот бизнис. Откриено е и дека наводно проневерил пари на клиенти, крадел од членови на семејството и фалсификувал документи за да зема кредити на сметка на куќата на неговите родители. Парите што се обидел да ги изнуди од Ван Остенови планирал да ги искористи за враќање на долговите.

На крајот е осуден на 60 години затвор, пресуда која таткото на Даниела Шовеј, Тим Молс, ја нарече „славна“.

Иако разводот бил во спротивност со нејзините верски уверувања, Даниела знаела дека тоа е единствената безбедна опција за неа и нејзините деца. Шипер се обидувал да стапи во контакт со неа од затвор, дури во писмата се претставувал како жена од југот за да ја наведе да му прости, но без успех. Од неговото апсење таа нема разговарано со него.

„Ми беше многу тешко да разграничам што е реалност, а што она што мислев дека е“, рече Шовеј.

Во текот на прилагодувањето на новиот живот, таа повторно се поврзала со својата „прва љубов“, Били, со кого била во врска како тинејџерка, и се омажила за него.

„Нашата мама многу напредуваше, стана посилна и посигурна во себе“, вели Грејс. „Сега повеќе се смее, особено откако Били е дел од нашето семејство. Гледам во неа среќа каква што претходно никогаш немам видено. Ја обожавам нејзината насмевка.“

Следни Објави

Имам 73 години и минатиот четврток во 3 часот наутро сфатив нешто за својот живот: Како ова не го видов?

Минатиот четврток се разбудив во три часот наутро. Го знам точното време бидејќи гледав во часовникот онака како што гледаат луѓето кои се веќе доволно долго будни за да почнат да му се лутат на мракот. Не онака патем, туку долго, како бројките на часовникот да должат објаснување зошто сте […]