Македонски рецепт за најубавите маринирани пиперки: Пикантна зимница која се подготвува брзо и без конзерванси

Ако сакате попикантна зимница и лук, тогаш сигурни сме дека кога ќе ги пробате овие пиперки во маринада, ќе ги подготвувате секоја година

Подготовката на зимница е карактеристична за овој период од годината. Домаќинките веќе со недели подготвуваат, пастеризираат тегли и ја одложуваат зимницата во која заедно со своите најмили ќе уживаат во постудениот период од годината.

Ѕвезда на зимницата секако се пиперките. Тие се главната состојка на ајварот, пинџурот, а од нив можете да подготвувате и пеглани пиперки, пиперки во павлака, но и маринирани пиперки кои се совршени за оние кои сакаат лук.

Пиперките во маринада според македонскиот рецепт се подготвуваат многу лесно и претставуваат совршена салата со секој оброк, а можат да бидат одличен избор и за сезоната на претстојните слави.

Состојки:

50 парчиња црвени пиперки (меснати)

250 мл масло

250 мл оцет

Една шака шеќер

Една шака сол

2-3 главици лук

2 китки магдонос

1 кесичка бибер во зрно

Подготовка:

Испечете ги пиперките, па излупете ги, но само извадете им ги рачките и оставете ги цели.

Во поголемо тенџере истурете ги маслото, оцетот, солта и шеќерот и оставете ја смесата да зоврие.

Потоа ставете ги и пиперките во тенџерето, за малку да се продинстаат во маринадата.

Маринирајте ги пиперките околу десетина минути на тивок оган, без мешање, само со повремено протресување на тенџерето.

Ситно исечкајте го лукот и измешајте го со сечканиот магдонос и биберот. Кога пиперките малку ќе се изладат, во теглите редете ред пиперки, па ред од мешавината со лук и магдонос, па пак пиперки и така по ред.

Прелијте ги пиперките со маринадата и оставете ги теглите отворени преку ноќ. Следното утро, долејте уште маринада во теглите, затворете ги и одложете ги на темно и ладно место.

Следни Објави

На Даниела еден месец ѝ течела крв од носот: Лекарите останале во шок кога виделе што има внатре

Се враќате од патување со куфер полн со спомени, неколку магнети за фрижидер и можеби настинка. Тоа е најлошото сценарио што го очекувате. На никој нормален не би му паднало на памет дека од Азија можете да донесете нешто што еден месец ви се храни со крв, и тоа буквално […]