Пет „проклети“ работи во претсобјето ги бркаат среќата и парите од вашиот дом: Жива пропаст

Кога ќе чекорите преку куќниот праг и ќе влезете во претсобјето, дали го чувствувате оној топол мирис на домот или ве пречекува тежок воздух? По ходникот се гледа дали има среќа во куќата, тврдат старите и искусни луѓе кои добро знаеле дека првите чекори ја кројат судбината на домашните.

Ходникот одамна не е само место каде што ги оставаме чевлите, клучевите и тешките зимски јакни. Таму започнува енергетската порта на вашиот дом, а без воопшто да бидете свесни за тоа, таму се собираат навики кои со години ви го кројат животот, па ви е тешко да ги согледате со очите на гостин кој првпат влегува кај вас.

Можеби и сега во својот ходник чувате ситници кои тивко ви ги одземаат мирот и благосостојбата.

Пукнатини на стаклото кои ја кршат семејната среќа

Едно од најстарите и најцврстите народни верувања е поврзано со скршено или напукнато огледало. Во нашата традиција, оштетеното стакло никогаш не значело само обична штета, туку секогаш се поврзувало со немир, караници и нарушена хармонија меѓу домашните. Старите велеле дека во таков одраз се расипува енергијата на целиот дом. Затоа домаќинките, штом ќе забележеле и најмала пукнатина, веднаш го менувале огледалото, наместо да го чуваат и да привлекуваат лоша судбина.

Стрелки кои стојат и ја запираат животната радост

Дали на комодата во предсобјето ви собира прашина часовник чија батерија одамна истекла? Ако запрениот часовник и понатаму стои на истото место, народните учители предупредуваат дека таков предмет симболизира опасен застој во куќата. Според старото верување, тогаш работата не оди како што треба, вашите планови постојано се одложуваат, а животните можности никако да тргнат напред. Времето во куќата мора да тече за и вам да ви тргне надобро.

Увенат букет кој носи дух од минатото

Нема поувава глетка од свежо цвеќе, но што се случува кога букетот ќе ја изгуби бојата и ќе се исуши? Увенатото цвеќе пречесто се заборава во аголот на комодата и останува таму со месеци. Според народното верување, сувите растенија во ходникот не се добар знак за домот бидејќи симболизираат нешто што поминало, увенало и повеќе нема никаква животна сила. Наместо да чувате спомени кои собираат прашина, подобро е да ставите свежо растение, неколку убави гранчиња или едноставно да ја оставите комодата потполно празна и чиста.

Скршени работи кои чекаат некои подобри времиња

Чадор со скршена жица, расклатена закачалка, чевли со одлепен ѓон или кој било друг предмет кој со месеци чека „еднаш да го поправиме“ се вистински магнетни замки за лоша енергија. Оштетените работи во ходникот симболизираат сè што е во нашиот живот расипано и недовршено. Народните совети јасно велат дека нема аир од трупање расипани работи на прагот од куќата. Ако нешто веќе со месеци чека мајстор, пресечете – или поправете го денес или слободно фрлете го за да не ви ја расипува среќата.

Погрешно завртен одраз кој ја брка благосостојбата

Можеби не сте знаеле, но и положбата на огледалото игра голема улога. Во старата фенг шуи традиција често се нагласува дека огледалото наспроти влезната врата е исклучително неповолно, бидејќи целата добра енергија што влегува во куќата веднаш ја враќа назад низ вратата на улица. Ако е икакво можно, се препорачува огледалото да го преместите на страничниот ѕид. Покрај тоа што ќе ја задржите благосостојбата во куќата, вашиот ходник веднаш ќе изгледа многу попростран и поуреден.

Следни Објави

Ќе ја земаат судбината во свои раце: Овие 4 знаци ги очекуваат најголемите животни промени во 2027 година

Некои промени започнуваат многу пред другите да ги забележат, тогаш кога работата повеќе не носи задоволство, односот станува тесен, а плановите кои некогаш сме ги правеле веќе не личат на животот што го сакаме. Според астролошките толкувања, 2027 година би можела да стави токму такви прашања во прв план, особено […]