„Мојот син требаше да се жени, а потоа си го одзеде животот“: Мајката дури по 10 години ги сфати неговите последни зборови

Имал 24 години, три години бил трезен, работел и подготвувал свадба. Еден месец по последниот викенд поминат со мајка му, се случила трагедија

Ен Мари Фарино веруваше дека најтешкиот период од животот на нејзиниот син конечно останал зад нив. Ричард имаше 24 години, три години беше трезен, имаше работа, беше вљубен и се подготвуваше за свадба. Неговата мајка веќе внимателно ги испишуваше пликовите за поканите.

А потоа сè се сруши.

Еден месец по нивниот последен заеднички викенд, Ричард си го одзеде животот. Денес, речиси десет години подоцна, неговата мајка некои од нивните последни разговори ги гледа потполно поинаку и верува дека одредени негови зборови биле знак колку му било тешко.

Последниот заеднички викенд

Беше пролетта 2016 година кога Ен Мари отпатува во Лас Вегас за да помине викенд со својот син по повод Денот на мајката и неговиот роденден.

Ричард ѝ донесе рози на вратата од хотелската соба. Навидум, многу работи во неговиот живот конечно си дојдоа на свое место. По повеќегодишна борба со зависноста, тој беше трезен три години, работеше и ја подготвуваше свадбата закажана за септември.

Сепак, мајката штом го виде, почувствува дека нешто не е во ред.

– Сега кога си ти тука, се надевам дека ќе бидам добро – ѝ рекол тој.

За време на тој викенд, тој почнал да ѝ дава некои од своите работи, меѓу кои клучовите и компјутерот. Кога му покажала семејна фотографија на која се наоѓал и тој, рекол дека на неа изгледа грдо.

Ен Мари го убедувала да разговара со терапевт. Ричард ѝ ветил дека ќе го стори тоа кога таа ќе се врати дома.

Реченица од тинејџерските денови која не ја заборавила

Борбата на Ричард, сепак, започнала многу порано.

Мајката го опишува како духовито, друштвено и харизматично момче кое знаело да ги насмее луѓето околу себе. Но, постоеле и периоди кога тој потполно се повлекувал.

Според нејзиното признание, тој се борел со депресија и анксиозност, а за време на средното училиште почнал да користи марихуана. Кога мајка му за првпат го фатила, се обидела да му објасни какви последици може да остави дрогата врз неговиот живот.

Тогаш ѝ рекол нешто што со години ѝ останало во сеќавањето:

– Поради тоа се чувствувам нормално.

Ен Мари денес вели дека таа реченица ја разбира поинаку. Верува дека нејзиниот син не се обидувал само да се дрогира, туку се обидувал да побегне од начинот на кој се чувствувал.

Зависноста го менувала животот на целото семејство

Проблемите со текот на времето станувале сè посериозни. По марихуаната дошле опиоидите, а потоа и хероинот.

Семејството со години се обидувало да му помогне преку различни програми за лекување и рехабилитација. Кога имал 21 година, Ричард се предозирал со хероин. Лекарите му го спасиле животот.

Потоа ѝ признал на мајка си дека знае оти, доколку не престане да користи дрога, еден ден ќе умре.

Следувале нови проблеми, но и пресврт. По програмата за лекување успеал да престане да користи дрога и наредните три години бил трезен.

Се вљубил и подготвувал свадба

Ричард пронашол работа, почнал да трча и да вози велосипед и сè повеќе се интересирал за здравјето и исхраната. Мајката конечно можела да минува со него сосема обични моменти без постојан страв.

Месец дена подоцна, мајката и синот сè уште разменувале пораки. Таа, како што раскажа, од нив не заклучила дека тој ден ќе се случи трагедија. Потоа пристигнал повикот кој ѝ го променил животот – Ричард си го одзеде животот.

Кога слушнала што се случило, во куќата ја чекале пликовите кои внимателно ги испишувала за неговата свадба. Наместо да ги испрати поканите до луѓето кои требаше да присуствуваат на венчавката на нејзиниот син, ги ставила во ќеса за ѓубре.

– Тагата не доаѓа веднаш. Она што прво доаѓа е чист, катастрофален шок – опишува Ен Мари.

„Не прашувајте го ожалостениот човек што му треба – едноставно направете нешто“

Во деновите по смртта на Ричард, куќата на Ен Мари била полна со луѓе. Го сакале и очајнички сакале да ѝ помогнат, но таа била во состојба на шок. Дури и добронамерното прашање „Што можам да направам?“ ѝ претставувало товар.

Нејзиниот совет до сите кои сакаат да помогнат на некој што изгубил сакана личност е следниов: донесете храна, бидете присутни без очекувања и без барање да разговара со вас.

На бдеењето за Ричард, една жена чекала три часа во ред за да разговара со Ен Мари. И таа изгубила дете поради самоубиство. Кога конечно стигнала до неа, ѝ рекла:

– Кога сите ќе се уморат да те слушаат како зборуваш за Ричард, јави ми се мене.

Ен Мари никогаш не ги заборавила тие зборови. Таа жена знаеланешто што другите сè уште не можеле да го знаат: погребот ќе заврши, луѓето ќе се вратат на своите животи, но Ен Мари и понатаму ќе има потреба да го изговара името на својот син.

Денес, Ен Мари го споделува своето искуство за да им помогне на другите родители навреме да ги препознаат суптилните знаци на депресија и ментално страдање кај своите деца.

Следни Објави

Дали е грев да се смести родител во старечки дом? Свештеник ѝ одговори на жена која се најде пред тешка одлука

Кога на родителот поради болест или старост му станува потребна секојдневна помош, семејството може да се најде пред многу тешка одлука. Многумина сакаат да ги доведат мајката или таткото во својот дом, но работата, децата, другите обврски и сопствените можности понекогаш тоа го прават речиси невозможно. За верниците, покрај сето […]