Моника веруваше дека ќе се извлече за убиството на маж ѝ, а потоа крв што не е негова, маж со завој и тајно снимен разговор променија сè

Кога Фабио бил пронајден мртов во дворот на својот луксузен дом, сè укажувало на грабеж што тргнал наопаку. Сепак, еден ДНК траг отворил врата за истрага која ќе открие тајна врска, наводен план за убиство и шокантна вистина зад неговиот совршен живот

Моника Сементили со години тврдеше дека немала никаква врска со убиството на својот сопруг Фабио. Обвинителството, меѓутоа, веруваше дека зад навидум совршениот живот стоела тајна врска, а потоа и план за убиство. ДНК пронајдена на местото на злосторството ја промени целата истрага.

Со сопругот Фабио живееше во луксузна куќа во Вудленд Хилс, со базен и скапоцени автомобили. Имаа две ќерки тинејџерки. Но, зад затворените врати на нивниот дом, како што подоцна ќе тврди обвинителството, бракот веќе не бил таков каков што изгледал однадвор.

Соседската камера забележала двајца мажи со качулки како се движат во близина на куќата, а Поршето на Фабио подоцна било одвезено. Лос Анџелес во тоа време имаше сериозен проблем со таканаречените „knock-knock“ провалници кои напаѓаа богати домови.

На полицијата сепак нешто не ѝ било јасно. Ако целта била грабеж, зошто напаѓачите го оставиле скапоцениот Ролекс на раката на Фабио? Од куќата, според наводите од истрагата, исчезнале одредени пари и накит, но сефот не бил обиен. Уште почудна работа била фактот што од куќата исчезнале снимките од безбедносните камери. Полицијата знаела за DVR системот што ги чувал снимките, но него веќе го немало. Сепак, инспекторите тогаш сè уште не семневале во Моника, а потоа пронашле крв.

ДНК која ја промени истрагата

На местото на злосторството била пронајдена крв која не му припаѓала на Фабио. Анализата ја довела полицијата до Роберт Бејкер, човек чија ДНК веќе постоела во полициската база. Тој бил познаник од теретана и водел лига во рекетбол. Она што ја направило истрагата уште поинтригантна било тоа што Моника го познавала Бејкер. А потоа се појавила уште една тајна.

Истражителите откриле дека Моника имала љубовна врска со Бејкер.

На собирот организиран во куќата на Фабио, Бејкер се појавил. Луѓето кои тогаш го виделе подоцна раскажале дека тој разговарал со Моника одвоено од сите останати. Еден член од семејството на Фабио исто така забележал дека Бејкер имал завој на прстот. Обвинителството подоцна се обидело да објасни како неговата крв доспеала во куќата. Моника, според исказите представени во случајот, зборувала дека Бејкер го повредил прстот додека играл рекетбол. За истражителите тоа било сè потешко да се објасни како случајност.

Полицијата смислила замка

Полицијата ги запрела додека се возеле, со образложение дека проверуваат автомобил за кој се сомневале дека е украден. Моника и Бејкер биле однесени во полициско возило. Она што не го знаеле е дека во него имало опрема за прислушување. Истражителите го слушале нивниот разговор. Во еден момент Моника ја изговорила реченицата која подоцна ќе стане еден од клучните детали што ги истакнуваше обвинителството: „Некој сигурно прозборел.“

Случајот на Моника со години се влечеше низ судскиот систем. Судењето конечно започна во јануари 2025 година, речиси осум години по смртта на Фабио. Обвинителството тврдеше дека Моника била мозокот на целиот план. Одбраната тврдеше дека клучните сведоци се несигурни и дека се обидувале да префрлат дел од вината врз неа.

Во јуни 2025 година, таа беше осудена на доживотен затвор без можност за помилување. Таа и понатаму тврди дека е невина и најави жалба.

Во почетокот тоа изгледаше како уште една брутална провала во богатиот кварт на Лос Анџелес. Двајца мажи со качулки, украден автомобил и исчезнати снимки од безбедносните камери само ја зацврстија таа теорија. Но, на крајот, истрагата го откри вистинското лице зад планираното злосторство.

Следни Објави

Драгана направи хаос на социјалните мрежи: Три години не сум ги допрела прозорците, а тие и понатаму блескаат

Една современа домаќинка, Драгана, пронашла начин нејзините прозорци во секој момент да блескаат, иако не ги допрела три години. Нејзината исповед предизвика разни реакции, но она што е сигурно е дека нејзе по ова откритие ѝ е многу полесно во животот. „Пред три години прочитав совет на еден портал ‘Како […]