Дваесет и девет годишната Марија е пронајдена мртва. Нејзините коски се откриени речиси шест години по нејзиното исчезнување.
Идентификацијата потврди дека станува збор за девојката која исчезна на 29 октомври 2020 година. Посмртните останки беа пронајдени во мај, а дополнителните вештачења треба да утврдат дали смртта била природна или насилна, јавува Курир.
Семејството по толку години неизвесност доби трагичен одговор, но не и објаснување за тоа што се случило.
Нејзините коски, наводно завиткани во ќебе, се затекнати во близина на пештерата Рисовача во Аранѓеловац, речиси шест години откако исчезна без траг.
Според информациите до кои дојде Курир, посмртните останки на Марија биле пронајдени уште во мај, а идентификацијата потврдила дека станува збор за девојката по која се трагаше од 29 октомври 2020 година.
Посмртните останки се најдени во близина на пештерата Рисовача, а по направената ДНК анализа и други анализи кои траеја многу долго, утврдено е дека, за жал, станува збор за исчезнатата девојка Марија Кепиќ. Во тек се дополнителни вештачења за да се утврди дали станува збор за природна или насилна смрт – вели нивен извор запознаен со случајот.
Нејзиното семејство, кое со години живееше во неизвесност и се надеваше дека Марија еден ден ќе се појави, веќе со месеци се соочува со најтешката можна вистина.
„Родителите не можат да ја прифатат судбината на нивната ќерка, неодамна ја погребаа, но и понатаму им е тешко да сфатат како воопшто се случило тоа, особено што ја немаше речиси шест години“, вели пријател на Марија за Курир.
Марија исчезна на 29 октомври 2020 година, во раните утрински часови. Според тогашните информации, излегла сама од дома, а со себе понела чанта.

Бидејќи Марија исчезнала во раните утрински часови, пред останатите во домот да се разбудат, никој со сигурност не можеше да каже што носела на себе во моментот на исчезнувањето. Од семејството тогаш објаснија дека веројатно била во црвена зимска јакна и дека со себе имала чанта, но не биле сигурни ниту дали во чантата се наоѓале документи.
Нејзиното семејство тогаш се обидуваше да ги реконструира последните денови пред исчезнувањето, но сепак безуспешно. Два дена претходно Марија ја раскинала врската со момчето, но ништо не укажувало на тоа дека би можела да замине од дома. На никој не му се јавила, ниту пак претходно го најавила своето заминување.
Инаку, во моментот на исчезнувањето Марија била невработена, но наскоро требало да почне да работи, и тоа во својата струка, како медицинска сестра.
Семејството се обидувало да стапи во контакт со неа, но без успех. Повиците не биле возвратени, а порака дека е достапна од нејзиниот број никогаш не стигнала. Луѓето кои ѝ биле блиски не можеле ни да претпостават дека ќе следи исчезнување кое со години ќе остане без одговор.

