Семејниот ручек кој требало да биде обичен ден исполнет со дружење се претвори во трагедија која семејството на Ана Беатриз Араужо Фереира никогаш нема да ја заборави.
Младата Бразилка имала само 22 години, студирала физиотерапија, се занимавала со манекенство и била позната како кралица на родеото ExpoAlmas.
А потоа, додека во дворот од семејната куќа ѝ ја средувала косата на својата внука и си играла со неа, ја удрил гром.
Трагедијата се случила во сабота, на 3 октомври, во градот Алмас, во бразилската сојузна држава Токантинс. Ана Беатриз по ударот сè уште била жива и итно била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.
„Сè се случи многу брзо“
Пред трагедијата, семејството се собрало на заеднички ручек. Времето било облачно, а врнело само слаб дожд. Ана Беатриз била во дворот со својата внука кога ненадејно ги удрил гром.
Девојчето исто така било повредено и пренесено во болница, но по укажаната помош набрзо било пуштено дома.
Братот на Ана, Сезар Аугусто, раскажа за CNN Brasil дека сè се случило во неколку моменти.
„Сè се случи многу брзо, денот беше облачен и врнеше сосема лесен дожд“, рече тој.
Ана Беатриз по ударот прво била пренесена во една болница, а потоа поради сериозноста на состојбата била префрлена во друга здравствена установа. И покрај напорите на лекарите, таа починала.
Братот се прости од неа со потресни зборови
Сезар ја опиша својата сестра како една од најважните личности во семејството и личност која секогаш била ведра, грижлива и подготвена да им помогне на другите.
„Taa е една од најубавите личности што сум ги запознал во животот“, рече нејзиниот брат.
Посебно го погодила фактот што Ана Беатриз во моментот на трагедијата била токму со својата внука. Како што објасни тој, грижата за другите била дел од нејзината природа, а љубовта често ја покажувала преку мали, секојдневни гестови.

Беше ѕвезда
Изад себе ги остави сопругот и петгодишниот син Луиз Енрике, како и родителите и шесте браќа и сестри.
Ана Беатриз студирала физиотерапија на Универзитетот Unopar, а покрај студиите била многу посветена на семејството. Се занимавала и со манекенство, додека во локалната заедница била позната како кралица на родеото ExpoAlmas.
Нејзината смрт посебно ги погоди луѓето кои ја познавале преку ExpoAlmas и локалната традиција.
Од младата жена се прости и Руралниот синдикат на Алмас, кој ја истакна нејзината ведрина, љубезност и љубов кон локалната традиција.
„Ана Беатриз го одбележа ExpoAlmas со својата радост, симпатичност и љубов кон нашата традиција. Нејзиното заминување остава огромна тага меѓу сите кои имаа привилегија да ја познаваат и да минуваат време со неа“, наведоа тие.

