Само мајка знае вака да напише: Првпат се огласи сопругата на Маријан Стојаноски за синот кој ненадејно им почина

Трогателна објава на Стојаноска

Наташа Стојаноска, сопругата на познатиот македонски пејач Маријан Стојаноски, вечерва првпат се огласи на социјалните мрежи откако пред неполни 40 дена ненадејно почина нивниот четиригодишен син Петар.

„Петар, ангелу наш мил, се ближат 40 дена откако ти се пресели на едно подобро место, а нас ни го остави најтешкиот товар – да учиме да живееме без тебе“, го почнува таа своето обраќање.

„Велат дека времето лекува сè, но овие 40 дена ни покажаа дека болката и празнината само стануваат подлабоки. Ти беше и засекогаш ќе останеш нашата најголема гордост и светлина. Иако физички веќе не си со нас, твојот спомен го чуваме во секој агол од нашиот дом, во секоја молитва и во секоја солза“, пишува таа.

„Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој. Те сакаме бесконечно и ќе те сакаме додека дишеме“, порачува Стојаноска на крајот од објавата.

Петар Стојаноски беше погребан на гробиштата Гумење во Крушево, родниот град на неговиот славен татко.

Причината за смртта не е објавена.

Петар е роден во декември 2021 година.

Марјан со сопругата Наташа имаат и две ќерки.

Следни Објави

Денес празнуваме голем светец: Една работа е пресудна, а еве што треба да направите

На трети ноември православните верници го одбележуваат споменот на Преподобен Иларион Велики, светител кој останал запаметен по својот скромен живот, молитвата и посветеноста на христијанската вера. Свети Иларион живеел во IV век и се смета за еден од значајните подвижници на раното христијанство. Уште од младоста се определил за монашки […]