Секоја куќа во поранешна Југославија го имаше овој предмет: Денес вреди стотици евра, ваљда не сте го фрлиле

Она што некогаш беше сосем вообичаен дел од речиси секој дом во поранешна Југославија, денес стана барана роба меѓу колекционерите и љубителите на ретро дизајнот.

Предметите кои со децении собираа прашина или завршуваа на отпад, сега достигнуваат изненадувачки високи цени. Таа прилика ја препозна Шпела од Љубљана, која љубовта кон предметите од времето на СФРЈ ја спои со искуството во маркетингот и отвори интернет-продавница специјализирана за југословенски винтиџ.

Од гоблени до телефонот на „Искра“

На нејзините полици можат да се најдат бројни предмети што кај многумина будат спомени од детството и младоста. Меѓу нив се култните „Бамби“ гоблени, препознатливите фиксни телефони „Искра“ во живописни бои, портокаловите лустери од поранешното претпријатие „Мебло“, но и детали како ознаките за врати од тоалети кои беа речиси стандард во домовите ширум поранешната држава.

Посебен интерес кај купувачите предизвикуваат легендарните бели шолји со темноплав раб. Некогаш тие беа незаменлив дел од хотелите, мотелите, кафулињата, бифеата, но и рестораните во возовите на Југословенски железници. Денес, токму тие се меѓу најбараните артикли во понудата.

Носталгија која има своја цена

Иако станува збор за предмети што многумина со години ги сметале за безвредни, нивните денешни цени го покажуваат спротивното. Сет од стаклени чаши од тој период може да достигне цена поголема од 100 евра, додека помалите примероци од популарниот „Бамби“ гоблен се продаваат за околу 60 евра.

Се поголемиот интерес за дизајнот и предметите од времето на Југославија покажува дека носталгијата може да биде и многу исплатлив бизнис. Она што некогаш претставуваше секојдневие, денес стана колекционерски предмет, а приказната на Шпела е доказ дека од спомените може да се изгради успешен бизнис.

Следни Објави

Домашен лек за сува кашлица што се купува на пазар: Сируп по рецептот на познатиот билкар Васе Пелагиќ

Васа Пелагиќ, лекар и народен просветител, во својата книга „Народен учител на Пелагиќ“ посебно ја истакнува ротквицата и ги нагласува нејзините бројни предности. Пелагиќ сметал дека ова растение лечи запек, расипан стомак, болести на цревата, бледило, разни пеги, болести на бубрезите, душникот, слезината, песок и камен во мочниот меур, тешко […]