Кажете ја оваа молитва за здравје и спас на душата: Денес верниците одбележуваат голем светец

Македонската православна црква и нејзините верници денес го одбележуваат Светиот рамноапостолен Аверкиј Јераполски.

Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа пагани (многубошци), а свети Аверкиј управуваше со своето малобројно стадо, тагувајќи во срцето за толкавото мноштво пагани, идолопоклоници, и ревносно молејќи Му се на Бога, Тој да ги обрати кон светлината на вистината.

Во времето на едно шумно идолско празнување, Аверкиј се распали со Божја ревност, па влезе во идолскиот храм и ги искрши сите идоли. Кога разбеснетите пагани сакаа да го убијат, во тој момент пред Божјиот човек паднаа три бесни момчиња, фрлајќи пена и урлајќи, а Божјиот човек ги изгони демоните од нив, и момчињата станаа здрави и мирни.

Гледајќи го тоа, паганите го претворија својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец, и веднаш 500 од нив примија крштевање. Малку по малку, и целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. Антипатот (управителот) на таа област, Публиј, имаше слепа мајка. Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, па во Христа поверуваа и Публиј, и мајка му, и мноштво други луѓе.

Во староста, свети Аверкиј беше повикан во Рим, каде што ја исцели полудената ќерка на царот. Неколку пати Господ Христос му се јавуваше на Својот верен следбеник. Луѓе од близу и далечна одеа кај него за чудотворна помош при неизлечиви маки. Демоните не само што се плашеа од него, туку и му служеа по негова заповед. По упатство на самиот Господ, го проповедаше Евангелието и по Сирија и Месопотамија. Во длабока старост се престави пред својот љубен Господ, во градот Јерапол, кон крајот на II век.

Бидејќи Свети Аверкиј во текот на целиот свој живот бил познат како голем исцелител кој изгонувал демони и лекувал неизлечиви маки, на овој ден верниците му се обраќаат со следнава лична молитва за здравје и заштита:

„О, Свети рамноапостолен оче Аверкие, голем чудотворче и слуга Господов! Погледни милостиво кон нас кои бараме твоја заштита и застапништво пред Бога. Помоли се на Семилостивиот Христос за здравје на нашите тела и мир во нашите души. Запази нè од болести, ненадејни несреќи и од секакви искушенија на непријателот. Зацврсти ја нашата вера во моментите на искушение и помогни ни со побожност да го изодиме нашиот земен пат. Амин.“

Следни Објави

Како се вика мажјакот на верверицата? Прашање кое многумина ги збунува, а одговорот е многу поедноставен

Вервериците се меѓу најомилените жители на нашите шуми и паркови. Нивната бушава опашка, брзите движења и неверојатната спретност додека скокаат од гранка на гранка ги прават лесно препознатливи животни. Сепак, постои една занимливост во врска со нив на која многумина не го знаат одговорот: како всушност се вика мажјакот на […]