Пред еден месец бил приведен: Кој е Виктор, момчето кое си пресуди кај Богданци (ФОТО)

Билјана Кириќ е 17-годишната тинејџерка која е пронајдена мртва во опожарениот автомобил кај Богданци, а Виктор Гунтаров е 21-годишното момче чие тело е пронајдено во непосредна близина.

Првичните сознанија на Обвинителството велат дека најверојатно станува збор за убиство и самоубиство, иако конечните околности треба да бидат утврдени со истрагата.

Од МВР потврдија дека на трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство и закани кон малолетната девојка.

Министерството за внатрешни работи потврди дека на 30 септември Гунтаров бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата девојка во неговиот дом. За случајот бил известен и јавен обвинител.

На 16 октомври, Основното јавно обвинителство Гевгелија добило пријава за загрозување на сигурноста на малолетничката, по што била започната постапка и биле наредени соодветни вештачења.

Во меѓувреме, судот изрекол мерки за заштита од насилство, со кои на 21-годишниот маж му било забрането да ѝ се приближува и да ја вознемирува девојката. Според објавените информации, овие мерки биле во сила и во моментот на трагедијата.

Вчера, на 3 ноември, полицијата добила пријава за опожарен автомобил во месноста Горно Село, кај Богданци. Телото на 21-годишниот маж било пронајдено надвор од возилото, додека во автомобилот било откриено уште едно изгорено тело.

Следни Објави

„Ме тепаше со години“: Потресно сведоштво на Николина за жените кои се соочуваат со осуда од околината

Водителката зборуваше за наводното физичко и психичко насилство кое, како што тврди, го трпела за време на бракот со покојниот сопруг, како и за стравувањето за безбедноста на своите ќерки Водителката Николина Пишек јавно зборуваше за потресните детали од приватниот живот и бракот со покојниот сопруг Видоје Ристовиќ, наведувајќи дека […]