Во Богданци се случи нов суров фемицид, јавува „Слободен печат“.
Билјана Кириќ е жртвата на Виктор Гунтаров.
Редакцијата стапила во контакт со член на семејството на девојката, кој им изјавил дека таа била со месеци претепувана и напаѓана од страна на Гунтаров, и тоа на јавни места.
Билјана го пријавувала во полиција и изречени му биле мерки да не ѝ се приближува, но ги прекршил.
Ја присилил да влезе во автомобил, ја запалил, па си го одзел животот.

Девојката подолго време живеела со него во врска, но сакала да си замине.
За жал, не успеала.
„Беше мило девојче. Учеше средно медицинско училиште. Одеше на пракса во гевгелиската болница. Не можеа да ја оттргнат од него. Долго ја малтретираше. Имаат потфрлено сите органи, но најмногу социјалното“, вели вознемирениот член на семејството на Кириќ за „Слободен печат“.

