„Ме тепаше со години“: Потресно сведоштво на Николина за жените кои се соочуваат со осуда од околината

Водителката зборуваше за наводното физичко и психичко насилство кое, како што тврди, го трпела за време на бракот со покојниот сопруг, како и за стравувањето за безбедноста на своите ќерки

Водителката Николина Пишек јавно зборуваше за потресните детали од приватниот живот и бракот со покојниот сопруг Видоје Ристовиќ, наведувајќи дека со години трпела физичко и психичко насилство.

Водителката која преку проектите „Икс фактор“ и „Операција триумф“ ѝ е добро позната и на македонската публика, во подкастот „Bad Advice Club“ разговараше за, како што тврди, трауматичните ситуации низ кои поминувала, но и за причините поради кои долго време не зборувала јавно за сè што доживеала.

Пишек потврди дека нејзините претходни изјави за насилство се однесуваат токму на покојниот сопруг Видоје Ристовиќ, со кој ја има ќерката Уна Софија.

Како што раскажа, за време на бракот повеќе пати се нашла во ситуации кои ги доживувала како потенцијално опасни по живот, а за сè, според нејзините зборови, молчела првенствено заради доброто на децата.

„Многу пати ме удри. Минав низ физичко насилство, да. Иако, сметам дека психичкото малтретирање е значително полошо од физичкото малтретирање. Многу пати сум била во животни ситуации кои за мене беа потенцијално опасни“, наведе Пишек.

Гостувањето на Николина привлече внимание поради тешките тврдења кои ги изнесе за приватниот живот, но и поради нејзиниот осврт на положбата на жените кои се соочуваат со насилство и осуда од околината

Зборувајќи за реакциите на јавноста и честото прашање зошто жените остануваат во насилни партнерски односи, Николина истакна дека заминувањето од таквите врски не е едноставно, како што тоа многумина го замислуваат.

„Како што тоа секогаш бива, и сега луѓето се прашуваат зошто ние жените трпиме насилници. Сметаат дека е едноставно да се замине од таквите односи, а не знаат ништо за тоа. Веруваат дека си во тој однос поради пари, некои бенефиции и животни олеснувања, што нема врска со вистината. Да беше лесно да се замине, многу жени ќе се спасеа навреме“, беше искрена Николина.

„Кога кажав дека сакам да го напуштам, извади пиштол“

Еден од најпотресните делови од нејзиното сведочење се однесуваше на моментот кога, како што тврди, се обидела да го заврши бракот со Видоје Ристовиќ. Пишек раскажа дека неговата реакција на соопштената одлука била многу вознемирувачка и дека тогаш, како што наведува, особено стравувала за безбедноста на своите ќерки.

„Кога му соопштив дека сакам да го прекинеме брачниот однос и дека сакам да го напуштам, извади пиштол. Не сакаше да го употреби, само го стави на маса, но тогаш сфатив некои работи и во каква ситуација се наоѓам со него. Тогаш не се плашев за себе, колку што се плашев за децата, и постарата и помладата ќерка, бидејќи имаше директни и отворени закани“, откри водителката.

„Вистина е дека ме изневеруваше“

Водителката во текот на разговорот се осврна и на шпекулациите за наводното неверство на покојниот сопруг, како и на околностите на неговата смрт. Во таа прилика изнесе тврдење дека во станот во кој Видоје починал се наоѓала уште една жена.

„Присутна беше една женска личност во станот во кој почина, во моментот кога почина. Не знам како се вика, толку ми е тоа важно. Таа женска личност призна дека била во некаква врска со мојот сопруг, а мојот свекор тоа го формулираше како да станува збор за масажа, жена која се нашла таму за да го масира Видоје. Сè е многу чудно. Главно, здравствениот наод потврди дека умрел од откажување на срцето“, заклучи Николина во подкастот „Bad Advice Club“.

„На луѓето им пречи што станав од дното“

Пишек зборуваше и за реакциите на јавноста по смртта на сопругот, како и за критиките со кои се соочи кога продолжa да работи и да се појавува во јавноста. Како што наведува, на почетокот наводното неверство на сопругот ја лутело, но со време сфатила дека мора да продолжи понатаму и да биде силна заради своите деца.

„Сфатив дека луѓето ужасно ги иритира кога си жив и работноспособен, кога функционираш. На моја жалост сум јавна личност, а некој добро извлече паралела и рече дека јавната личност е како јавен клозет. Не сакам тоа да бидам. Никој не би ми замерувал доколку се бавам со било која друга работа, но се бавам со телевизиска, и тоа е проблем. Луѓето беа ужасно вознемирени што почнав да се бавам со својата работа која е, Боже сочувај, јавна работа. Сметаа дека тоа е непримерено, и во тоа е целата тага на ова општество“, порача водителката.

Бргу по нејзината исповед се огласи бизнисменот Виктор Ристовиќ, познат како Миша Гроф, таткото на нејзиниот покоен сопруг. Тој ги отфрли обвинувањата обвинувајќи ја дека лаже и дека прави нова медиуска драма „поради новиот свршеник“.

Следни Објави

Голем грев! Пред Митровден никако не правете го ова

Православните христијани в сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата […]