Модните експерти пресудија! Нежната розева боја ќе доминира во текот на зимската сезона. Велат дека оваа нијанса е добра од неколку причини.
Пред се’, на секој стајлинг му дава доза на женственост и елеганција, а покрај тоа одлично ѝ стои на секоја жена, без разлика дали е црна, русокоса или бринета.
„Може да се комбинира со речиси сите други бои, го освежува аутфитот и внесува ведрина во тмурните денови. Доволно е интересна, но и дискретна, па ја сакаат жените од сите генерации“, велат модните критичари.