fbpx

(ФОТО) Карлеуша за сите светски ѕвезди кои ја копираат!

Повремено се појавува по некоја американска ѕвезда за која Јелена Карлеуша тврди дека ѝ ги краде идеите кога е стајлингот во прашање. Овојпат, повторно на мета беше Ким Кардашијан, а фановите на српската пејачка организирано атакуваа на инстаграм-профилот на светски познатата ѕвезда од реалните шоуа обвинувајќи ја дека бесрамно го копира нивниот идол.

Сличен „инцидент“ се случи и пред неколку години. Тогаш Ким објави фотографија од Карлеуша на нејзиниот официјален сајт и ѝ порача дека е една од жените од коишто се инспирира. По овој гест, популарната водителка Венди Вилијамс зборуваше за Јелена во нејзиното ток-шоу, наведувајќи дека дури и славната Бијонсе ископирала еден нејзин стајлинг. Во таа прилика ја нарече српската Мадона или Лејди Гага.


Во септември минатата година, Карлеуша наведе уште една ѕвезда дека ја копира, американската актерка и пејачка Доја Кет.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е karleusa.jpg

„Што да кажам , ме сакаат во Америка“, тогаш самоуверено порача Карлеуша.

Следни Објави

Секоја жена со стил мора да има барем едно парче во оваа боја

Модните експерти пресудија! Нежната розева боја ќе доминира во текот на зимската сезона. Велат дека оваа нијанса е добра од неколку причини. Пред се’, на секој стајлинг му дава доза на женственост и елеганција, а покрај тоа одлично ѝ стои на секоја жена, без разлика дали е црна, русокоса или […]