fbpx

Ќе има ли прстен? Џамбазов одговори на најочекуваното прашање

Игор Џамбазов пред шест месеци откри детали од романсата со познатата алпинистка и уметница Илина Арсова, а сега даде одговор и на најочекуваното прашање.

Во неговото последно интервју за порталот „ММС.мк“ прашан дали ќе се случи прстен и дали фановите може да очекуваат свадба, македонскиот актер и шоумен вели:

„Мојата Илина е само доказ дека човек никогаш не смее да се откаже од мисијата да ја најде својата сродна душа. Дури и да престанете да ја барате, дури и да се откажете од помислата дека таа постои некаде на планетава, ќе се појави. Кога-тогаш“.

Џамбазов, меѓу другото, вели и дека не се гледа во иднина како сопруг кој живее во Сретеново.

„Ни таа, право да ти кажам, не се гледа во улога на посветена сопруга и домаќинка. Ние двајцата сме номади“, вели тој.

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

(ФОТО) Кафуле со специјални капи за социјално дистанцирање

Европските земји полека се враќаат во живот по олабавувањето на мерките против Ковид-19, а една од нив е и Германија. Според одредени „правила на игра“ конечно почнаа со работа и тамошните кафулиња и ресторани, а еден од протоколите е масите да бидат на растојание не помало од еден и пол […]