fbpx

Кинески астролози тврдат: Овие три знаци ќе се препородат во мај, парите ќе им се лепат

Кинески астролози велат дека мај ќе биде доста стабилен и без пресврти кога е во прашање судбината на повеќето хороскопски знаци.

Сепак, овој месец ќе биде идеален за кроење планови за иднината, а кога се во прашање финансиите, за некои ќе биде особено поволен. Според кинескиот хороскоп, три знаци ќе доживеат неверојатна среќа на ова поле.

Змија (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година)

На Змиите им беше прилично тешко во последно време. Неколку месеци трупаа нерешени проблеми, што ја нарушуваше нивната финансиска стабилност. Сепак, од 12 мај ѕвездите ќе им бидат наклонети, а среќата ќе ги следи во секоја работа. Во рок од еден месец можат да добијат унапредување, одлична понуда за работа или дури и нов извор на приход.

Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година)

Луѓето родени во овој знак се познати работохоличари, па не е изненадување што нивната напорна работа конечно ќе се исплати. Во мај ги очекува нов пресврт во кариерата и бизнисот кој ќе обезбеди голем прилив на пари и напредок. Ѕвездите ќе бидат во нивна корист до средината на јуни, па астролозите советуваат овој период да го искористат максимално.

Стаорец (години 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Астролозите велат дека ако во вашето семејство имате некој роден во овој знак, никогаш нема да морате да се плашите од сиромаштија. Иако понекогаш се соочуваат со проблеми и тешкотии, порано или подоцна среќата секогаш ги следи. Од 12 мај можат да го очекуваат само најдоброто, а финансиската состојба значително ќе им се подобри. Не се исклучени нови извори на приходи, потпишување големи договори и понуди за работа.

Следни Објави

Докторка предупредува: Итно исфрлете го од исхрана младото кромитче ако сте со оваа дијагноза

Младото кромитче е еден од сигурните знаци дека започнала пролетта и дефинитивно многумина сакаат да го јадат. Како и сите други видови на кромид (бел или црвен кромид, праз, власец) има широк спектар на примена. Се одгледува повеќе од пет милениуми и е една од првите култивирани култури, а денес […]