fbpx

Мики Секуловски ова вешто го криеше: Сега отворено проговори во „Ѕвездите на Гранд“

Велешанецот во последната епизода на шоуто се појави на подиумот како прав комита, стајлинг што совршено ја надополни изведата на моќниот рефрен „Ја излези Ѓурѓо“

Мики Секуловски неодамна откри информација која малкумина ја знаат, а сега за „Гранд“отворено проговори за тоа.

„Во Софија дипломирав оперско пеење, не знаеја многу луѓе, но тоа го кажав минатиот круг. Цеца ме праша дали сум завршил оперско пеење и зошто не сум кажал, а јас ѝ одговорив дека никој не ме праша за тоа“, низ насмевка изјави тој.

Секуловски вели дека Цеца е одлична личност и дека навистина бил изненаден од нејзиното пријателство.

„Секогаш е тука да помогне, да дава предлози, да се пошегува, да испиеме кафе и слично“, вели тој.

Мики Секуловски ја покани дома: Ѝ свари кафе, па направи нешто неверојатно

Од „Гранд“ го прашаа и што мисли за идејата да сними дует со талентираната Шејла Зониќ.

„Тоа би било добра идеја. Таа е врвна пејачка, би ми било чест и задоволство“, кажа Мики.

Го прашаа и која, според него, е најдобра кандидатка во шоуто.

„Јулија Петровиќ ја пее најдобрата поп музика, но и сите други се добри“, изјави.

За љубовниот статус и овојпат не сакаше да коментира.

Следни Објави

Сега си на поубаво место, Ацо: Естрадата се простува од познатиот пејач

По долго и тешко боледување, вчера во Нови Сад на 52-годишна возраст почина Ацо Бабиќ. Колегите од естрадата се простуваат од познатиот пејач со трогателни пораки. „Не е доволно да се каже дека сум шокиран, патувај со Бога, ќе се сеќавам на тебе“, „Твоите песни ќе останат засекогаш“, „Последен поздрав […]