fbpx

Без конкуренција: Мики е сè поблиску до победата, а еве и зошто

Мики Секуловски имаше уште еден настап за паметење во последната епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Македонскиот натпреварувач очекувано освои шест гласа.

Ана Бекута воодушевено го искоментира неговиот настап, истакнувајќи дека особено ѝ се допаднала изведбата на песната „Рујна зора“.

„Овде навистина може да се види јасна разлика. Немам што посебно да објаснам овде, освен што вечерва се истакна Мики Секуловски. Првпат слушам ваква интерпретација и пристап кон песната, три стила, рок, поп и така натаму“, кажа таа нагласувајќи дека на секој што ќе му се погоди да биде во дуел со Секуловски ќе доживее несреќа со овој силен и прејак кандидат.

Презадоволен од настапот на Мики беше и Саша Поповиќ, кој по излагањето на Бекута му постави прашање.

„Мики, кога станува збор за жанрот опера, ти тоа заврши или?“, праша Поповиќ.

„Завршив академија по оперско пеење“, му одговори Мики, по што следуваше громогласен аплауз, а Цеца гордо дополни:

„Ќе ви подготвиме уште изненадувања. Нема вечерва да ги покажеме сите асови што ги имаме“, кажа таа.

И Ѓорѓе Давид најголемите пофалби вечерта ги имаше за Мики, а и Босанац истакна дека Мики Секуловски е големо освежување во шоуто.

„За жал, вие 1не сте мој кандидат. Браво момче, навистина од срце. Ова е прекрасно што го направивте, освежување. Ви честитам уште еднаш“, кажа тој.

И Вики истакна дека Мики е без конкуренција.

„Многу е веќе кажано. Само ќе кажам дека Мики е надвор од конкуренција, феноменален, фантастичен, браво“, потенцира Миљковиќ.

Мили му упати неверојатни пофалби на Мики, изразувајќи го своето воодушевување од неговиот извонреден настап.

„Мики, можам само да ти се заблагодарам во име на шоуто за оваа прва песна, секоја чест за тебе, секој коментар е излишен“, кажа тој.

Снежана Ѓуришиќ комплетно се согласи со Мили, а дека беше одличен се согласи и Марија Шерифовиќ.

Следни Објави

Лепенките на бананите не се случајни: Кога ќе слушнете што значат, секогаш ќе ги проверувате

Сигурно сте забележале дека на бананите, но и на другите овошки често им се ставаат лепенки на нивната кора. Генерално, луѓето ги тргнуваат пред да ги јадат, но никој не обраќа премногу внимание на нив, а за повеќето тоа е само обично име на производителот. Сепак, тие можат да носат […]