fbpx

Ги славиме Константин и Елена: Овој извор денеска е најлековит во Македонија

Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Следни Објави

Во СФРЈ сите се вртеа по неа, криеше дека е болна: Замина тивко, остави проштално писмо

Иако ќе остане запаметена како една од најталентираните глумици на овие простори, дури од третпат успеала да го положи примениот испит на Академијата за драмски уметности. Реномираната актерка Станислава Пешиќ е родена во Белград за време на војната, на 7 јуни 1941 година. По завршувањето на студиите, веднаш била ангажирана […]