fbpx

Утре го славиме Свети Ѓорѓија: За многу години име и куќна слава

Верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети Ѓорѓија – Христовиот војник кој ја уби ламјата „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“. Овие стихови пред векови му беа посветени на празникот кој се одбележува денес за Свети великомаченик Георгиј Победоносец.

Светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј се родил, живеел и маченички пострадал при крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Тоа е она страшно време за христијаните кога на чело на Римската империја бил царот Диоклецијан кој во почетокот на своето владеење не ги прогонувал христијаните, сметајќи ги за безопасни, но откако се уверил во брзото ширење на христијанската религија, при крајот на своето владеење во 303 година, отпочнал силен прогон против христијаните.

Уривал и палел храмови, затварал и убивал верници, свештеници, епископи . . . Во такво време не само што живеел св.вмч. Георгиј, туку и завземал високо место во Диоклецијановата војска.

Неговите родители биле богати, чесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврди и исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина, која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската спасоносна вера и наука.

По смртта на својот сопруг, таа се вратила во своето родно место во Палестина, каде поседувала огромен имот. Таму малиот Георгиј ги посетувал светите места кај што се движел и поучувал ГИХ. Подоцна младиот Георгиј бил регрутиран во елитната војска на царот. И уште на 20 годишна возраст, тој постанува трибун во војската, чин кој соодветствува на денешен полковник, а тоа било високо место за неговата возраст. Набргу потоа царот го поставил на повисоко место, член во Советот на државата. Тоа било така се додека царот имал толерантен однос кон христијаните, но кога побарал од војската секој да принесе жртва пред мртвите идоли и кога сурово отпочнало прогонувањето на невините христијани од незнабошците, Георгиј прв се спротивставил на таквата наредба.

Бидејќи Георгиј го почувствувал времето кое настапувало за христијаните, почнал да се подготвува за тешките искушенија и измачувања. Најнапред го раздал своето богатство на сиромаси, а наследството од својата почината мајка во Палестина, го дарувал на бедни, болни, немоќни, а робовите ги отпуштил на слобода. Ослободен од сите земни обврски тој можел слободно и без страв да застане пред самиот цар, бранејќи ја вистинската вера во Христа Спасителот.

Кога царот Диоклецијан издал наредба за прогонување на христијаните, ги повикал управниците на источните провинции во Империјата и им дал посебни упатства како да постапуваат со христијаните, тогаш храбриот воин Георгиј смело му се спротивставил на царот и разбеснетиот цар наредил да го затворат во темница со што започнуваат маките на Георгиј.

Тој бил неколкупати сурово мачен. Бил врзан на клади, а на градите му ставиле камен. Не се предал. Потоа бил фрлен во длабока јама со негасена вар. Тој и во јамата се молел, а од таму на неверување на царот, бил изваден жив.

Следувале уште многу мачења: во вжештени железни чизми во кои внатре имало железни шајки ги ставиле нозете на светителот; го удирале по уста; го камшикувале со воловски бич; му давале да пие отров итн. Но, маченикот Георгиј, сето тоа трпеливо го поднесувал.

Во христијанската иконографија, св.вмч. Георгиј, честопати се слика како војник, кој седи на бел коњ со долго копје в рака прободено во уста на страшната ламја.

Верниците ја празнуваат неговата истрајност, заедно ја прославуваат верата за која тој се залагал.

Вечен нека е овој ден!

Следни Објави

Нови шокантни моменти: Вака Вања била грабната пред да биде убиена

Нови моменти околу киднапирањето на свирепо убиената 14-годишна Вања покажала истрагата, дознава ТВ 24 Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на нејзината зграда, па потоа била изнесена, потврдуваат за ТВ 24 извори од истрагата. Првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал имот во истиот објект, имал […]