fbpx

„Со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка“: Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп по борбата со ракот

„Не знам дали се сеќавате кога напишав-Со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка.
Успеав!

Со овие зборови 33-годишната прилепчанка Ивана Ѓорѓиоска им се обрати на своите следбеници на „Инстаграм“ за да им ја соопшти убавата вест-дека го победила канцерот.

Таа се бореше со рак на лимфната жлезда и на социјалните мрежи отворено зборуваше за сите предизвици со коишто се соочува.

„Благодарна на Господ и на мојата фамилија, пријатели и сите вас кои од почеток до крај бевте со мене. Благодарна на мојот доктор! Ти благодарам Господе! Господине „раку“, не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело!“, напиша Ѓорѓиоска под семејните фотографии што ги објави.

Следни Објави

Војник (25) почина на Криволак: Страшни детали за трагедијата

Професионален војник (25) почина на полигонот Криволак, за време на марш, откако му се слошило. А.Ј. починал синоќа на КАРИЛ во Скопје. Од Генералштабот информираат дека војникот бил еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили и бил во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност.  На […]