fbpx

Марија Шерифовиќ доби син: Одбра има со посебно значење

Марија Шерифовиќ доби бебе, ексклузивно објави порталот „Блиц“.

Српската пејачка која победи на „Евросонг“ има син од сурогат мајка.

Детето се родило на почетокот на декември и го доби името Марио.

Шерифовиќ се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството, пишува „Блиц“.

Пејачката и самата ја сподели радосната информација на „Инстаграм“.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша таа под видеото.

Марија Шеривовиќ е првата јавно декларирана ЛГБТ пејачка во Србија.

Македонската публика моментално ја следи во популарното телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со години е дел од жирито.

Следни Објави

Ќе им „крцка“ паричникот: Овие хороскопски знаци ќе се збогатат во 2024!

Астролозите се едногласни Припадниците на следните три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу успех на финансиски план во 2024 година. Овен Лесно доаѓаат до деловни можности, а овојпат добро ќе ги искористат контактите, особено со луѓе од странство, па заработката е неминовна. Во наредната година ќе им се отворат добри […]